Јанушев: Добро е Рускоска да каже нешто за струмичките фирми кои добивале кредити без покритие, место да се занимава со спотови
Одговарајќи на новинарски прашања, а во врска со најавената тужба против партијата од страна на јавната обвинителка Вилма Рускоска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната прес-конференција истакна дека добро е Рускоска да се занимава со криминалот на власта наместо со предизборните спотови на опозицијата.