Мицкоски: Додека на владини седници си делат мандантни „памфлети“ да ги прашам каде е и што прави „Викенд без ДДВ“
Одговорајќи на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на четвртиот сет економски мерки кој го најави Владата, вели дека наместо имплементирање на мерките од третиот сет на државна помош за компаниите, власта на седниците се занимава со делење на мандантни памфлети.