Одговорајќи на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на четвртиот сет економски мерки кој го најави Владата, вели дека наместо имплементирање на мерките од третиот сет на државна помош за компаниите, власта на седниците се занимава со делење на мандантни памфлети.

Слушав и читав викендов во различни интервјуа дадени од страна на двајца ресорни министри кои работат на полето на економијата за новиот сет на мерки. Не можев да се изначудам затоа што бројките кои се егзактни се сосема спротивни на она што тие го кажуваат. Во ред, јас разбирам да се шири оптимизам, но ако тој оптимизам ако не кореспондира со бројки тогаш има знак на равенство кој се вели лага. Лошо е кога како министер го отпочнувате својот мандат со лага, тогаш таа лага велат како дрвото ќе биде насадено така и ќе изрти, ќе ве следи низ целиот мандат и ќе го добиете епитетот лажго како тој што ја предводи оваа влада. Е сега, ајде да се вратиме на третиот пакет. Од третиот пакет ако го погледнете, реализирани се само оние мерки со кои требаше да направат поткуп, односно поделени се ваучерите.

Еве ќе ве потсетам на една мерка која што беше ветена во третиот пакет, ако се сеќавате требаше во септември да имаме викенд без ДДВ и го нарекуваа викенд без ДДВ. Помина еден викенд во септември, сега е позади нас, дали вие слушнавте за таква мерка дека ќе имаме викенд без ДДВ, а имавме две владини седници. На едната се рушеше дивоградбата кај Мавровка, а на втората владина седница се делеа мандатните писма. А, можеше да се донесе одлука, еве овој месец септември, сите викенди да бидат прогласени виденди без ДДВ. Зошто тоа не го направија? Еве тоа е третиот пакет, не мора четвртиот. Еве ќе ви дадам уште една мерка која што требаше да се реализира во септември месец, предвидува 31 милион евра како поддршка на безкаматни кредити и 30% субвенции за кредити дадени за жени кои што водат бизнис, кој што вработуваат млади луѓе или се извозно ориентирани. Слушнавте некаде дека таа мерка се имплементира? Еве трета мерка ќе ви дадам, исто во септември требаше, предвидува 150 милиони поддршка за стопанството, така што државата ќе гарантира пред комерцијалните банки за кредити кои што ќе ги земат домашните компании. Дали слушнавте нешто дека се случува во септември месец за ова мерка од третиот сет на мерки?

Ама затоа пак ќе слушнете дека поддршката била неколку стотици милиони и така натаму. Само лага, неправда. Затоа јас не можам да очекувам ништо повеќе и ништо помалку од мафија. Ова се мафијаши кои што со лага, поткуп, закани, уцени и притисоци владеат, еве веќе четврта година, во државата. Така што, мој совет е до овие министри, бидејќи се и едниот и другиот нови, не беа во онаа претходна мафијашка структура со овој ист мафијаш кој што ја предводеше таа мафијашка структура. Немојте да го почнувате мандатот слугувајќи му на овој мафијаш, слугувајте им на граѓаните, бидејќи тие ви ја дале довербата. Завршете го прво третиот пакет сет мерки, а потоа отпочнете го четвортиот сет пакет мерки.