Колемишевски: Издавањето на картичката „купувам домашно“ ќе биде од 3-ти јули до 31-ви јули
Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација од страна на граѓаните. Издавањето ќе биде од 3 јули со рок на искористување до 31 јули, соопшти денеска претседателот на партиската Комисија за економија на СДСМ Кирил Колемишевски.