Милошоски: Во следните три недели државата сите ресурси да ги насочи кон справување со ковид-19, па потоа да се зборува за датум за избори
ВМРО-ДПМНЕ како партија и организација е секогаш спремна за избори, но во овој момент, следните две три недели најдобро е цела држава да ги стави сите ресурси на располагање, да ја сузбиеме пандемијата и да го намалиме бројот на заразени и починати, а по однос на одредување на датумот навистина е непристојно и дегутантно во момент кога имаме најголем број заразени во регионот да лицитираме со датуми, изјави денеска Антонијо Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ