Милошоски: ДУИ од зелена партија се „ребрендира“ во партија на коцкарите
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција истакна дека нивната пратеничка група ќе гласа против Законот за игри на среќа, бидејќи, како што рече, се злоупотребува европското знаменце и се врши партизација на игрите на среќа од страна на ДУИ.