ВМРО-ДПМНЕ: Ова е Македонија за сите – Со СДС и ДУИ има само сиромаштија, криминал и иселување, граѓаните бараат промена на власта
Сиромаштија, разочараност кај граѓаните, иселување, криминал, корупција и распродавање на државата, се само дел од проблемите кои граѓаните ги кажува и овој викенд за време на средбите со тимовите на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.