Според анкетата на ИПИС Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат убедлива предност пред СДС и Ковачевски. Како што покажуваат резултатите од истражувањето речиси двојно повеќе луѓе би гласале на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ отколку за владејачката СДСМ.

Ваквиот резултат е одраз на многуте последователни скандали кои ги има оваа влада, како и опозициското расположение кое е се повеќе присутно по низата криминали кои ги обедини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа се должи и бројката од 20 отсто кои на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 12,9 отсто кои би гласале за СДСМ.

И другите помали политички партии како Левица го губат приматот на „брзорастечки“ партии и не само што стагнира нивниот процент, туку и полека почнува да опаѓа.

Во албанскиот политички блок партија која ужива најголема доверба се уште е ДУИ, а зад неа со сличен рејтинг следат Алијанса за Албанците и БЕСА.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија, на 1112 полнолетни испитаници од страна на ИПИС