Приведен криминалец од Прилеп за издржување казна затвор, кај него пронајдена и дрога
На 26.01.2022 полициски службеници од ОВР Прилеп на превој Плетвар го лишиле од слобода С.Ј.(31) од Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени е една ќеса со бела грутчеста материја и 24 таблетки, а покрај тоа, бил баран по наредба на Основен суд Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на подрачјето на Скопје