Тетовчанец во алкохолизирана состојба ги тепал ќерката, сопругата и неговиот татко и им се заканувал „вечерва ќе има крв“
Како што информира ЈО, на 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот.