Загина 21 годишно момче откако со товарно возило паднал во водите на Вардар додека вршеле ископ
На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с.Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на р.Вардар, во атар на с.Црвени Брегови, паднало во реката.