Приведено лице поради кражба на пари од возило
На 18.07.2021 од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Џ.Б.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 09.45 часот на ул.„Војдан Чернодрински“, на паркинг простор пред деловен субјект, извршил кражба на пари од товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од с.Черкези, кумановско