Македонец возел од Белград со 173 км на час, немал возачка и бил под дејство на алкохол и кокаин
Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.