Поведена постапка против 39-годишен кумановец за полов напад врз дете и дистрибуција на детска порнографија
Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица