Газда на фирма издал лажна потврда за движење во полициски час на лице кое не било вработено, МВР му поднесе кривична пријава
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Р.(30) од Тетово, одговорно лице во правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Е.(50) од Никуштак, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.