Кривична пријава за вработена во катастар, одобрила запишување на недвижен имот без правен основ
Таа, во текот на 2017 година, како вработена во Агенција за катастар за недвижности, на физичко лице му издала потврда за запишување на промена во катастарот на недвижности со што му овозможила да се стекне со недвижен имот и да биде запишан како сопственик во имотните листови.