Возило со кочански регистерски таблички излетало од патот кај мостот на Бабуна кај Стари Град, повреден возачот
Патничко возило „ауди“ со кочански регистарски таблички, денеска околу 12,30 минути кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување. Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.