25 годишен Кичевчанец со остар предмет го нападнал својот татко, кој претходно му се заканувал, од повредите починал
Вчера во с.Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал.