85 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид
Денеска (18.06.) од 09 до 16 часот СВР Охрид спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи, од кои 45 на територија на Охрид, 25 на територија на Струга, а 15 на територија на Кичево.