Двајца српски државјани лишени од слобода, пронајдени 62 мигранти во товарно возило „ман“
Двајца српски државјани се лишени од слобода синоќа во 23.30 часот на автопатот А-1, кај тунели Јаворица, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Р.Словенија, откако во товарно возило, со српски национални ознаци биле пронајдени 62 лица мигранти