Во меѓународна акција уапсени лица за криминал со крипто-валути, меѓу нив приведено лице и од Македонија
Во рамки на истрагата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лишени од слобода се 11 лица (пет во Бугарија и едно во Израел на денот на акцијата и шест лица претходно во Шпанија), извршени се претреси во Бугарија, Израел, Полска, Македонија и Шведска и запленети се бројни електронски уреди и возила, а банкарските сметки се замрзнати.