Како што денеска информираат од СВР Велес, граната била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување
Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.
Од местото на двојното убиство во скопско Стајковци се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопшти државното Јавно обвинителство.
Во комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера биле хоспитализирани две лица кои се здобиле со повреди при извршување на работни задачи.
Двојно убиство се случило денеска во скопското село Стајковци, а осомничениот извршител со повреди е хоспитализиран, потврди Министерството за внатрешни работи.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечно бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“
Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои ја преупатувале до нивни колеги и други установи.
Во рамки на вчерашната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 173 возачи.
Неексплодирана рачна бомба била пронајдено вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против три лица од Тетово, информира денеска МВР.