Седум сообраќајки во Скопје, еден пешак потешко повреден
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а три лица со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.