Поднесено обвинение за разбојништво во спортска обложувалница, еден од извршителите во бегство
По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со друго лице, кое до овој момент не е достапно на органите на прогонот