Удрил во моторциклист и пешак и побегнал од местото на собраќајката
Засега непознат возач, кој управувал автомобил марка „сеат“, вчера во селото Подареш, Радовишко, удрил во моторциклист и пешак и им нанел тешки телесни повреди по што го напуштил местото на незгодата, соопштија од СВР Струмица.