Кривична пријава за скопјанец поради кражба од автомобил
СВР Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар – Бит Пазар поднесе кривична пријава против Н.Д.(47) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари, соопштија од Министерството за внатрешни работи.