Уапсено лице од тетовско Копанце, кај кого се пронајдени пушка, пиштол и куршуми
Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Б.З. (32) од тетовското село Копанце, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,65 милиметри