Едно лице под истрага за поседување оружје, муниција и дрога
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори