Бездомничка од Скопје се заканувала дека ќе го запали домот за бездомни лица
Во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом кадешто се сместени бездомни лица на улицата „Перо Наков“, 60-годишната С.Т. од Скопје – сместена во објектот како лице бездомник, влегла во административната просторијата во која биле тројца вработени, се однесувала агресивно и им се заканила дека ќе ги запали.