Пожар во Општина Чашка, гори багремова шума
Шумски пожар избувна денеска околу 13 часот во близина на селото Ораовец, во Општина Чашка. Како што изјави за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица од Велес Љупчо Лепидовски, од огнената стихија зафатена е површина од над 60 хектари. Гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева.