Екс градоначалникот на Кавадарци доби кривична пријава за злоупотреба на службена должност
Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П. (50), поранешен градоначалник на општина Кавадарци, Ѓ.Ч. (58) управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ. (63), управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје, поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување“ и „бесправно градење“