Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Н.(71) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт.
Во СВР Скопје, 61-годишен скопјанец пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари врз неговата малолетна внука била извршена обљуба од страна на Е.С., со кого била во љубовна врска.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Т.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Во СВР Скопје, 48- годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.М.(49) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.