Маж извршил убиство, по што се самоубил, во Луково, Кратовско
Г.К. (57) жител на Кратово вчера во село Луково, Кратовско со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, отишол во куќата на соседот Р.А. (66) исто така од Кратово и го застрелал, по што тој починал на самото место, а потоа заминал во својата куќа и во дворот се самоубил.