Србин се обидел да украде „Ренџ Ровер“ пред кафеана во Дебар Маало
Српски државјанин се обидел да украде „ренџ ровер“ вреден 100.000 евра во скопската населба Дебар Маало, но бил спречен од сопственикот на возило, кој го забележал од блиската кафена. Против Србинот, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка за кривичното дело Тешка кражба и побара од судот да му биде одредена мерка притвор.