Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека досега МВР има поднесено девет кривични пријави за подметнувачи на пожари во државата. Според него, има сериозни индиции дека покрај бизнис интереси, се случуваат пожари и од невнимание, меѓутоа и од политички причини.
Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од засега непознати причини кај велешката патарина излета возило.
Тело на мртов човек повеќе од 30 минути седел на столче на автобуската станица во Скопје.
З.И. (57) од Велес синоќа околу 00:35 часот по полноќ пријавил во полиција дека во неговата куќа на улицата „Костурска“ физички бил нападнат од неговиот 30-годишен син Б.И. при што се здобил со повреди
Малолетна девојка од Велес вчеравечер околу 20:40 часот во СВР Велес пријавила дека била допирано по телото од чувар во училиште во Велес.
Физички е нападнат и ограбен 60-годишен таксист во населбата Света Недела во Штип. Таксистот случајот го пријавил синоќа во 20.00 часот во Полициската станица во Штип, каде што изјавил дека во нападот учествувале две лица
Со ДНК-тест ќе се утврдува идентитетот на загинатите во авионската несреќа која се случи завчера во близина на Солунска Глава во која загина четиричлено семејство од Бугарија.
Во индустриската зона „Чолија“, атар на село Чолија, скопско, вчера 68-годишен маж од Куманово починал откако паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи, информираат од МВР.