Дел од бугарските медиуми пренесоа дека пилотот не добил дозвола за слетување на скопскиот аеродром поради засилени безбедносни мерки поради присуството на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Илиевски ги демантираше тие гласини.
Триесет и шестгодишната М.М. од Велес во смејниот дом со нож ги повредила нејзиниот сопруг 47-годишниот Р.И. и 19-годишниот син А.М.(19).
На фејсбук страната „Ѕидот на сообраќајниот срам“ е објавена слика од нова сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Гостивар-Тетово.
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Сто килограми кафена материја во канти, најверојатно катран од афион, пронајдени се во напуштена куќа во Кавадарци.
На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои во три со полесно повреди се здобиле пет лица. Во три е причинета материјална штета.
Припадниците на МВР, вчера околу 19 часот, ги лоцираа остатоците од авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава.
Во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ денеска избил пожар, информираат од Противпожарната брогада на Град Скопје.
Според податоците на Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола во текот на март се регистрирани 128 пожари на територијата на целата држава, што е најголем број на шумски пожари во тек на еден месец години наназад.
Девет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.