ОЈО: Заврши увидот на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, денеска во 13:15 часот го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје – Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.