Скопјанец остана без своето „Ауди“ на Рузвелтова
Вчера околу 22 часот во Полициската станица Центар, Д.Г. (40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот, пред маркет на улица „Рузвелтова“, непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.