Учесник во тепачка во Радовиш одзел пиштол од полицаец
Во тепачка што се случила вчера пред Полициската станица во Радовиш, еден од учесниците при турканицата која настанала, одзел пиштол од полицаец кој сакал да го спречи насилството и се заканил дека ќе го употреби. Пиштолот веднаш му бил одземен од полицискиот службеник.