Приведен осомничен крадец во Тетово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
Тетовската полиција вчера во 16.00 часот го лишила од слобода Џ.И. (38) од тетовско Камењане, кој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќата на Џ.Р. (61) од истото село, при што одзел повеќе предмети.