Гостиварската полиција синоќа во 20.00 часот го привела 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране.
Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.