Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела „предизвикување општа опасност" и „мачење животни".
Во СВР Куманово, Ш.Б.(55) од село Отља, општина Липково, вчера пријавил дека во населба Бедиње во Куманово, при извршување работни задачи со работна машина на пат, пронашол граната.
Веднаш по настанот извршен е увид на лице место, обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.
Кавадарчанец бил приведен поради физички напад врз неговите татко и сестра и оштетување покуќнина, информираат денеска од СВР Велес.
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за 67-годишниот жител од село Габреш, кој вчера по расправија ги уби сестрата и внукот. Вториот внук со прострелни рани е пренесен на една од скопските клиники.
Полициски службеници синоќа, во 21.40 часот, во Штип ги лишиле од слобода К.А.(38) и 20-годишната Д.О., поради дрога.
Како што информираат денеска од МВР, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
Во сообраќајна контрола вчера на територијата на државава изречени се 224 санкции за брзо возење.
Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје, биле изречени вкупно 155 мерки.
Полицијата вчера го лишила од слобода 19-годишниот Х.Х. од тетовско Лавце поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.