Скопјанец се лизнал на Водно, се изгубил и бил недостапен на телефон, пронајден и спасен од Црвен крст
На Единствениот број за итни случаи 112 вчера попладне била добиена пријава, во која родител побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал. Телефонот му бил бил исклучен, а тој не знаел точно во кој дел може да се наоѓа синот.