Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 343 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 169 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 174 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови