Како што соопшти МВР, било сопрено и возило "голф" управувано од Т.О. (40) од Скопје, под сомнение дека било претходница на возилото "ауди". Т.О. и Т.П. се лишени од слобода.
Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.
Полициски службеници попладнево уапсиле кумановец, кој бил баран со потерница.
Во две сообраќајки несреќи кои попладнево се случиле во Скопје, повредени се четири лица, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.
По издадени судски наредби полицијата заедно со специјалната антитерористичка единица Тигар вчера извршила претреси на пет локации во Пробиштип и на една локација во Штип. Притоа од слобода е лишен Љ.Н. (43) од Пробиштип.
Во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.Ш. (49) од скопското село Кучевиште, информира МВР.
Во сообраќајна контрола вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции.
На граничниот премин Табановце биле запленети 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи.
Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил автомобил "ауди", соопшти СВР Куманово.
Полициски службеници вчера го привеле О.Н.(27) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари, соопшти МВР.