Четворица пожарникари повредени во пожарот во магацинот за бои и лакови, АРМ измериле радијација
Тетовските пожарникари и денеска ќе продолжат со гаснење на оган во магацините на фирмата Евроком што се наоѓа на пат кон селото Фалише. Пожарот е целосно изгаснат во продажниот објект на фирмата, но сè уште има оган и чад од неколку магацински простории.