Претрес во Куманово, пронајдено оружје и муниција
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово денеска го лишиле од слобода Е.Х.(36) од Куманово во чиј дом при претрес, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.62 мм со 13 куршуми, еден сигнален пиштол со седум куршуми и една кутија со 34 куршуми различен калибар.