- Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес денеска ги лишиле од слобода Д.И.(44) од Велес и Б.П.(35) од с.Башино село, велешко во чии домови била пронајдена марихуана, дигитална вага и амфетамини.

МВР соопшти дека при претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Додека, при претрес во домот на Б.П., извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.