Приведени три лица од Албанија, користеле фалсификувани британски пасоши
На граничен премин на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска во 14.30 часот полициски службеници ги привеле М.В. и Б.И., на возраст од 24 и 31 година, како и една малолетничка, сите од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.