Полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Б.Б.(61) од с.Теново, тетовско.

Тој се сомничи дека околу 09.20 часот на клучка кај с.Камењане, поради недоразбирање во сообраќајот, со пиштол се заканил на Б.А.(49) од с.Камењане.

Кај него бил пронајден и одземен пиштол „ЦЗ 75Б“ и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.